Акција


Еко тим исток во кампањата за „Eколошките жешки точки“


„Еко тим исток“, во рамки на кампањата „Сакаме кул градоначалници за еколошки жешки точки“, денес ги посети општините Пробиштип и Македонска Каменица и ја реализира финалната фаза од оваа кампања - промоција и собирање потписи од граѓаните. Акцијата резултираше со посакуваните резултати, потпишани се сите предвидени „писма“, а двајца од кандидатите за градоначалници, односно актуелните градоначалници на овие две општини ја потпишаа заложбата дека, доколку победат, во нивниот мандат посветено ќе работат на санација и ремедијација на еколошката жешка точка во нивната општина. Во рамки на посетата, Еко тим исток ги додели и наградите и сертификатите на учениците кои зедоа учество во одржаниот ликовен натпревар во првата фаза од кампањата, а на тема: „На местото на жешката точка би сакал/а да има...“.

Пријавете се за волонтер! Контактирајте не на info(at)ekotimistok.mk