Проекти


Селектирај пластичен земјоделски отпад


Во периодот од Јуни-Ноември 2020 година, на територијата на општина Зрновци се спроведуваше проектот „ Селектирај пластичен земјоделски отпад“, преку поддршка на граѓанските организации во рамките на проектот НАГЕ/NAGE- Вмрежување и застапување за зелена економија. Проектот го спроведуваше Здружението за екологија и заштита на животната средина „ЕкоТимИсток“ од Кочани во партнерство со општина Зрновци и Екопроект-Ко ДОО од Кочани, фирма со дозволи за собирање, транспорт и третман на неопасен и друг вид на отпад. Буџетот на проектот е целосно обезбеден од Европската Унија.


Целта на проектот беше да се соберат и предадат на рециклирање 300кг пластичен отпад од земјоделството преку воспоставување на систем за правилно постапување и управување со отпадната пластика од земјоделството во Општина Зрновци.
Во рамки на проектот беше воспоставен систем за правилно постапување и управување со отпадната пластика од земјоделството во општина Зрновци преку поставување на 2 комбинирани садови за селектирање на пластика на 2 локации во Зрновци; Потпишување на Договор со фирма во Кочани со дозволи за собирање, транспорт и третман на отпад (Екопрпект-Ко ДОО), со услови за подигање и транспорт на собраниот отпад; Изработени и дистрибуирани флаери и постери со едукативна содржина, со мапа со точно обележани собирни места на пластичен отпад од земјоделството кои со помош на комунално претпријатие „Водна кула“ од Зрновци, заедно со сметките за вода стигнаа до секое семејство во општината; Мониторинг на соберениот отпад од страна на проектниот тим. За жал, поради ситуацијата со пандемијата не бевме во можност да оствариме поголем број на директни средби со земјоделците во општината, меѓутоа, со оглед на постигнатите резултати, сметаме дека пораката успешно е пренесена и преку печатените материјали и медиумските известувања за проектот, и прифатена од земјоделците и целокупното локално население во општината.

Вкупен буџет на проектот: 3470 евра

Објави од медиуми:
mia.mk
youtube.com
komarec.com.mk
inovativnost.mk

Проекти

Пријавете се наш член или волонтер! Контактирајте не на info(at)ekotimistok.mk