Проекти


ПРОЕКТ ПАМЕТНИ КАНТИ


Патентот "паметни канти" е добитник на златен медал на ИНОВАМАК 2019, изработен од д-р Димитрија Ангелков од Кавадарци.
Со овој проект се решава потребата од одлагање на ПЕТ пакувањето, на еден поинаков начин, преку едукација за селекција на отпадот од пакување и одржување на здрава и чиста животна средина. Поставувањето на "паметни канти", за нас, како подржувачи на селекцијата на отпадот од пакување, кој може да се рециклира, на учесниците им нудиме и забава и мотивација во исто време. Преку дисплејот на "паметната канта", по одлагање на ПЕТ отпадното пакување, добивате код, кој го внесувате на веб страната http://www.pametnikanti.mk , заедно со Вашиот мобилен број, со што се стекнувате со поен. Одреден број на соберени поени, Ви овозможуваат да станете добитник на некоја од наградите, кои се детално опишани и образложени на секоја канта, во зависност од тоа каде е поставена. Оваа донација е од нашиот догогодишен партнер и подржувач во нашето работење правното лице ЕКОПРОЕКТ-КО ДОО Кочани. Цената на чинење со брендирање изнесува 18.000, 00 денари. Со поставување на овие "паметни канти" во Кочани и Штип, станавме пионери во Источно-планскиот регион. Ние се придржуваме кон мотото МИСЛИ ЛОКАЛНО-ДЕЛУВАЈ ГЛОБАЛНО!

Проекти

Придружете се на нашиот тим! Контактирајте не на info(at)ekotimistok.mk